Македонија се уште не се знае која била неговата улога

Каратистот од Велес кој учествувал во киднапирањето на Вања уапсен во неговата школа за боречки вештини пред учениците

Покрај киднапирањето, сите тројца се осомничени и за убиството на Вања Горчевска (14) и фризерот од Велес, Панче Жежевски (74), и сите тројца добија притвор до 48 часа.

Каратистот од Велес кој учествувал во киднапирањето на Вања уапсен во неговата школа за боречки вештини пред учениците

За киднапирањето и убиството на Вања Горчевска (14) се осомничени пет лица, а меѓу нив е и Боре Видевски, каратист од Велес, кој според македонските медиуми е уапсен во неговата спортска школа за боречки вештини, објавува „Информер.рс“.

Како што пишуваат медиуми, Видовски е приведен заедно со Велибор Манев и Влатко Кешишев.

Покрај киднапирањето, сите тројца се осомничени и за убиството на Вања Горчевска (14) и фризерот од Велес, Панче Жежевски (74), и сите тројца добија притвор до 48 часа.

Инаку, како што кажаа од обвинителството, на распитот откриле кога и каде биле убиени Вања и Панче.

– Го имаме признанието на осомничените кој за што одговара – изјави главниот јавен обвинител Гаврил Бубевски.

Според првите информации, тие во своите изјави рекле дека ја убиле Вања бидејќи работата излегла од контрола.

– Тоа е нивната верзија – додаде Бубевски.

Уапсениот Видевски на своите профили на социјалните мрежи има фотографии од децата кои ги тренирал во боречки вештини. Коментарите под фотографиите сведочат дека осомничениот бил карате мајстор и дека учениците и нивните родители го обожавале.

Засега не се знае каква била неговата улога во киднапирањето, а властите вчера на прес-конференција соопштија дека осомничените признале што направиле во случајот што го шокираше Балканот.

Видевски е тајно изведен на суд. Тој беше спроведен во судницата преку гаражата на судот, а потоа во лифтот до третиот кат.

По главниот осомничен за двојното убиство Љупчо Палевски Палчо е распишана меѓународна потерница. По злосторството на 30 ноември избегал во Белград, а оттаму во Бугарија.

На Александар Ѓорчевски, таткото на убиениот Вања, синоќа му е одредена мерка притвор од 48 часа.

Исчезнувањето и убиството на малата Вања предизвика голем интерес во јавноста, не само во Македонија, туку и во целиот регион. За потрагата и трагедијата пишуваат и медиумите во соседството.

Поврзани теми

Најнови вести од Македонија

To top