Птетседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Берово и кандидат за пратеник во Изборната единица 3, Столе Каракутовски им се заблагодари на малешевци за големата вчерашна победа, и ги повика граѓаните што помасовно да излезат на 8-ми мај.
-Почитувани сограѓани, пошитувани малешевци сакам од мое лично име и од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Берово да ви се заблагодарам за огромната поддршка која ја изразивте на вчерашниот изборен ден. Докажавме дека Берово е за промени, покажавме дека Берово го препознава вистинскиот лик кој ќе биде достоинствен претседател на Република Македонија, а тоа е професорката Гордана Силјановска Давкова. Ве повикувам на 8-ми мај во уште поголем број да ја потврдиме големата победа за горда и твоја Македонија, ушре еднаш ви благодарам од се срце, вели во своето обраќање Каракутовски.