Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Кандидатите на СДС за градоначалници работат само во интерес на партијата, а не на општината

Затоа, жителите на Дојран нема да дозволат нови 4 години на лаги, манипулации и нови долгови на општината. Време е за промени во Дојран, наагласуваат во соопшетнието.

Кандидатите на СДС за градоначалници работат само во интерес на партијата, а не на општината

СДС и неговите кандидати за градоначалници и активни градоначалници се пример за тоа како не треба да се води една општина, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Во Општина Дојран, за жал граѓаните се сведоци на неработењето на актуелниот градоначалник, кој се води на принципот едно евро за општината и евро за партијата.

Досегашниот градоначалник во заминување, ветуваше брда и долини на жителите на Дојран, но не успеа да реализира ништо.

Локалната самоуправа во Дојран, предводена од Анго Ангов, работи во минус. Јавните претпријатија се натрупани во долгови, платите се нередовни, претпријатието се соочува со потешкотии за јавни набавки, огромни сметки кон ЕВН кои не се исплатени и уште многу други проблеми, кои го отежнуваат животот на граѓаните на Дојран.

Исто така, Општината е преполна со партиски вработувања кои го преоптоваруваат Буџетот на Дојран, и заради кои потешко се реализираат проекти во општината. Сега, СДС сакаат повторно да продадат „нов“ човек, со истата матрица, а тоа е Ристо Џинев“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС во Дојран предводен од Ангов, работи за партиски интерес, а не за интересот на граѓаните. Со Џинев сакаат да ја продолжат истата пракса и во иднина.

Затоа, жителите на Дојран нема да дозволат нови 4 години на лаги, манипулации и нови долгови на општината. Време е за промени во Дојран, наагласуваат во соопшетнието.

Најнови вести од Македонија

To top