Македонија колумна

Кадиевска Војновиќ: Што наследи новата влада? Буџетот во хаос и тотална фискална недисциплина

„Франкенштајн“ – чудовиштето веќе беше создадено, не беше имагинација. Ова што денес нѐ снајде со буџетот е чиста рефлексија на минатото, на лошото управување со јавните финансии во периодот за и после Ковид-19 кризата и со економијата воопшто.

Кадиевска Војновиќ: Што наследи новата влада? Буџетот во хаос и тотална фискална недисциплина

„Франкенштајн“ – чудовиштето веќе беше создадено, не беше имагинација. Ова што денес нѐ снајде со буџетот е чиста рефлексија на минатото, на лошото управување со јавните финансии во периодот за и после Ковид-19 кризата и со економијата воопшто.

Ништо не е од денес, сѐ е од вчера, завчера, пред 5 години и со 5 буџети по ред. Да и ова го има во колумната која сублимира многу колумни на темава од 2021 година.

Нарушената фискална одржливост се кумулираше низ годините, а не со ребалансот на буџетот од 2024 година. Ребалансот е гасење на пожарот, за којшто не беше изградена долгорочна структура за гасење. Напротив, истиот силно гореше особено во последните четири и пол години.

Македонија имаше највисоки буџетски дефицити од сите земји во регионот пост Ковид-19 кризата. Во последните две години, некои земји имаа ниски дефицити, а некои и суфицити во услови на приходи подхранети од инфлацијата. Но, Македонија и покрај највисоката инфлација остваруваше високи буџетски дефицити. Наместо фискална консолидација, имавме фискална „де-консолидација“. Наместо штедење, имаше расипничко трошење. Изговор на тогашните власти беа кризите, а зар другиве земји не беа во криза? Немавме ефекти од „потрошените пари за справување со кризите“. Напротив, имавме најнизок економски раст во регионот, највисока инфлација и највисок раст на јавниот долг.

Фискалното правило за буџетски дефицит до 3% од БДП на годишна основа се прекршуваше две години по ред. Буџетските дефицити во 2022 и 2023 година беа 4,4% од БДП и 4,9% од БДП, соодветно. Во 2023 година се прекрши и фискалното правило за јавниот долг, зошто истиот го надмина прагот од 60% од БДП и беше 62,1% од БДП. Но, од тогашната власт и сегашните гласни „експерти“ имаше МОЛК.

Чиста политичка манипулација беше и планирањето на номиналниот БДП за да се прикажат подобри релативни показатели. Претходната влада ја промаши проекцијата на номиналниот БДП во 2023 година за високи 1,4 милијарди евра и ја пренесе во планот на буџетот за 2024 година. Планираа буџетски дефицит од само 3,4% од БДП.

Целата колумна на Маја Кадиевска Војновиќ прочитајте ја ТУКА

To top