Синдикалниот активист Васко Јолески апелира до актуелното раководство на СКРМ да не го злоупотребува синдикатот за политички и сопствени цели и да се фокусира исклучиво на синдикални активности за синдикални права.
-Како синдикалец кој рамо до рамо со оние кои ги поставија темелите на СКРМ се бореше за потпишување на колективниот договор кој ги опфаќа вработените во културата, АПЕЛИРАМ до актуелното раководство на СКРМ да не го злоупотребува синдикатот за политички и сопствени цели и да се фокусира исклучиво на синдикални активности за синдикални права! Барањата да се темелат на реални основи а не да се бара причина повеќе за правење нереална слика дека работниците од областа на културата не се задоволни од своите месечни надоместоци за одработеното, истакнува тој.
Јолески бара СКРМ веднаш да воспостави дијалог со претставници од министерството за култура и туризам и да се отпочне со преговори за склучување на нов колективен договор кој ќе биде надополнет со поголеми права за работникот.
-Со избегнување на преговори за обновување на стариот кој е истечен или склучување на нов колективен договор се оди дирекно на штета на работницоте од областа на културата а исто така СКРМ се води кон распад, вели Јолески.