Новоименуваниот Јавен обвинител на Република Македонија, Ненад Савески денеска, веднаш по свечената заклетва во Собранието, ја презеде функцијата државен јавен обвинител.
Тој одржа работна средба за примопредавање на функцијата со досегашната вршителка на должноста, јавната обвинителка Анита Тополова – Исајловска.

Исто така, на првиот работен ден на функцијата, Јавниот обвинител Савески се сретна со јавните обвинители и со јавнообвинителските службеници во републичкото обвинителство, со кои разговараше за плановите и приоритетите во однос на функционирањето на јавнообвинителската организација.