Македонија

Јаневска во посета на ОУ „Љубен Лапе“ во Аеродром: Учебниците кои во некои минати години недостасуваа, сега се веќе дистрибуирани

Основното училиште „Љубен Лапе“ во Аеродром годинава е училиште со најмногу запишани првачиња на територијата на општината, 180 на број, и поради тоа локалната самоуправа и училишното раководство реализираат градежни активности за обезбедување на дополнителни училници. Тоа секако е убава вест и искрено би се радувала доколку вакви информации пристигнуваат во иднина и од други општини и училишта, наместо да слушаме како континуирано се намалува бројот на првачиња, а наставници се соочуваат со ризик од губење на работни места, што секако, како Влада нема да дозволиме да се случува.

Јаневска во посета на ОУ „Љубен Лапе“ во Аеродром: Учебниците кои во некои минати години недостасуваа, сега се веќе дистрибуирани

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска која денеска заедно со градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески изврши увид во градежните активности во ова училиште.

-Информирана сум дека активностите ќе завршат пред почетокот на учебната година, за да може дечињата да влезат во нови, чисти училници, а еве, да информирам дека во ова училиште и Министерството за образование и наука има инвестиција во реконструкција на санитарните јазли која е речиси завршена, додаде Јаневска.

Потсети и дека во тек е дистрибуција на учебниците на територијата на цела држава и истата ќе биде заокружена пред почетокот на учебната година. во интерес на учениците и на наставниците.

-Учебниците кои во некои минати години недостасуваа, сега се веќе дистрибуирани и очекувам ова да биде пракса во следните години. Да ги искорениме лошите навики на неколку претходни министри кои не се грижеа дали навремено или дали воопшто учениците ќе добијат учебници, нагласи Јаневска.

To top