Македонија МОН

Јаневска: Науката е област на која новата Влада сериозно и се посветува

Денес се одбележува Светскиот ден на науката за мир и развој. Им го честитам на сите научници и истражувачи, кои се трудат преку свои лични достигнувања и успеси да помогнат во развојот на државата, напиша на Фејсбук министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Јаневска: Науката е област на која новата Влада сериозно и се посветува

Денес се одбележува Светскиот ден на науката за мир и развој. Им го честитам на сите научници и истражувачи, кои се трудат преку свои лични достигнувања и успеси да помогнат во развојот на државата, напиша на Фејсбук министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Науката е област на која новата Влада сериозно и се посветува. За нас е сосема јасно дека не постои друга алтернатива за национален просперитет, освен да вложуваме во знаењето на граѓаните и во науката. Буџетот за научно – истражувачка дејност за следната година ќе биде речиси двојно поголем од годинешниот, а интенцијата е во следните 4 години да изнесува најмалку 1% од бруто домашниот производ, за разлика од сегашните 0,3%. Ќе се обидеме да создадеме подобри услови за наука и истражување. И Ќе поддржиме научно – истражувачки проекти од јавен интерес и поголема активност на лабораториите во рамки на јавните научни и високообразовни установи. Ќе обезбедиме нови извори на научна литература. Финансирање на објавени научни трудови. Организирање домашни научни конференции и учество на меѓународни манифестации. Продолжува доделувањето стипендии за студии од втор и трет циклус во државата, но и во странство на најдобрите 100 светски универзитети за да привлечеме повеќе млади со потенцијал за истражувања и иновации. Клучно ќе биде носењето на нов Закон за научно – истражувачка дејност кој ќе се изработи заедно со засегнатите и со стручната фела. Искрено очекувам и поддршка од бизнис заедницата, но и од сите останати чинители кои во науката гледаат важен столб на општеството и кои можат да помогнат на каков било начин во неговото зацврстување, истакна Јаневска.

Само со сплотеност на намерите можеме да постигнуваме цели и да одиме напред. Честит нека е 10 ноември – Светскиот ден на науката! Додава министерката Јаневска.

Најнови вести од Македонија

To top