Македонија

Јаневска: Македонија има квалитетно средно стручно образование

По интензивна децениска заложба на државата за враќање на квалитетот и вредноста на средните стручни училишта и за повторно афирмирање на неформалниот систем на обука, денеска со гордост можеме да кажеме дека имаме модерен и атрактивен систем на стручно образование и обука, рече министерката за образование и наука на завршниот настан на проектот „Зголемување на привлечноста, релевантноста и инклузивноста на стручното образование и обука и образованието на возрасните“, кој во изминатите три години се спроведуваше со финансиска поддршка од Европската Унија.

-Денеска имаме полни средни стручни училишта, во кои учат над 70% од вкупниот број средношколци во државата. Поголем дел од училишните објекти се добро опремени, а дел се опремуваат во моментов. Наставните програми се реформирани и нудат повеќе практична обука во чија реализација се вклучени преку 550 компании, а системот на стипендирање нуди повеќе од 1500 стипендии за ученици кои одбираат средно стручно образование, рече Јаневска, потенцирајќи дека ова се значајни резултати кои се постигнати во соработка со бројни домашни и меѓународни партнери.

-Несомнено, во изминатите три години важна беше поддршката од тимот на ИПА проектот за јакнење и афирмација на средното стручно образование и обука и образованието на возрасните. И, иако тој завршува, нашата соработка со проектниот лидер и со тимот нема да заврши. Затоа што, имаме уште обврски за кои очекуваме помош, како оние од Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, каде јасно е потенцирана важноста на образованието, потенцираш министерката.

Таа потсети дека во моментов се работи на унапредување на законската регулатива која го уредува средното, стручното образование и обуката, како и образованието на возрасните и дека од голема важност е што се прави преку инклузивен процес, заради практична спроводливост и висока ефективност во иднина.

-Вашата стручност и експертиза ќе ни значи и во понатамошното поставување на новите три и во развој на постојните пет регионални центри за стручно образование и обука, рече министерката, заблагодарувајќи се на проектот и на Европската унија за придонесот во унапредувањето на македонскиот образовен систем и неговото усогласување со пазарот на трудот.

Најнови вести од Македонија

To top