Македонија бјб

Јанев: Сите граѓани треба да се чувствуваат безбедно

Во врска со денешниот настан на убиство што се случи во главниот град, сакам да ги известам граѓаните дека полицијата реагираше веднаш со сите расположливи ресурси, вклучувајќи ги комбинирани полициски и истражни методи, напиша на Фејсбук директорот на БЈБ, Александар Јанев.

Итно беа активирани и преземени сите мерки, со цел да се обезбеди безбедноста на граѓаните. Нашата цел е да не дозволиме градот и државата да се претворат во полигон на пресметки на криминални групи. Законот и редот се и ќе бидат над криминално-мафијашките структури. Криминалот нема етничка или партиска припадност, а нашиот одговор е и ќе биде жесток и без компромис. Сите граѓани треба да се чувствуваат безбедно, а ние ќе продолжиме да работиме со најголема одговорност и ангажираност за да се оствари тоа. Ве молиме да бидете внимателни и да соработувате со полицијата. Вашата безбедност е наш приоритет и нема да се задоволиме додека не го вратиме спокојот и сигурноста во нашиот град, истакна Јанев.

Македонија е над се и држава за сите нас, во која сите ние и нашите деца треба да живееме и да се чувствуваме безбедно, додава Јанев.

To top