Македонија

Јанев: Седмата сила е еден од столбовите на секое демократско општество, делуваме во насока на безбедноста на новинарите

Јанев: Седмата сила е еден од столбовите на секое демократско општество, делуваме во насока на безбедноста на новинарите

Заштитата и безбедноста на медиумите во остварување на нивните задачи беше една од темите на денешната работна средба со шефот на канцеларијата на Советот на Европа во Скопје, Олег Солдатов со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на БЈБ, Александар Јанев.

-Се согласивме дека загарантираната безбедност на новинарите и новинарската професија е од голема важност, со оглед на тоа дека играат значителна улога за развој на едно општество, па во таа насока разменивме мислења за евентуални заеднички делувања во таа област.

Делуваме во насока на безбедноста на новинарската професија, седмата сила е еден од столбовите на секое демократско општество, објави Јанев на Фејсбук.

На средбата беше потенцирана добрата соработка во изминатиот неколкугодишен период, како и заеднички постигнатите резултати, а беа разменети мислења во однос на поважните тековни прашања, со осврт на можностите за натамошна соработка.

To top