Македонија официјална посета на ОАЕ

Јанев: Ова е нов поттик за посовремена, поефикасна и побезбедна полициска служба во интерес на сите граѓани

рвиот човек на БЈБ додаде дека се сретнал и со претседателот на ИНТЕРПОЛ, Ахмед Насер Ал Раиси, со кого разговарл за унапредување на меѓународната соработка и активното учество на македонската полиција во оперативните задачи.

Јанев: Ова е нов поттик за посовремена, поефикасна и побезбедна полициска служба во интерес на сите граѓани

Директорот на Бирто за Јавна Безбедност (БЈБ), Александар Јанев беше во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати, каде што оствари средби со високи полициски претставници од Абу Даби и Дубаи.

Тој потенцира дека разговарале за продлабочување на полициската соработка и размена на искуства, особено во областите каде што ОАЕ постигнуваат напредни резултати во безбедноста и јавниот ред.

„Фокусот беше ставен на технолошкиот развој, дигитализацијата и примената на вештачка интелигенција во полицијата. Ја посетив и „паметната полициска станица“, која е пример за модерни ИТ решенија што ја зголемуваат транспарентноста и ефикасноста. Договоривме воспоставување контакт точки и заеднички активности во области како финансиски и крипто измами, организиран криминал, недозволена трговија и Е-криминал, како и размена на полициски службеници за обуки“, овјави Јанев.

Првиот човек на БЈБ додаде дека се сретнал и со претседателот на ИНТЕРПОЛ, Ахмед Насер Ал Раиси, со кого разговарл за унапредување на меѓународната соработка и активното учество на македонската полиција во оперативните задачи.

Посетата претставува нов поттик за посовремена, поефикасна и побезбедна полициска служба во интерес на сите граѓани, рече Јанев.

Во официјална посета сме на Обединетите Арапски Емирати, каде што остварив средби со високи полициски претставници од…

Posted by Александар Јанев on Петок, 14 ноември 2025

To top