Излезноста на гласачите до 18:30 часот од обработени податоци од 3.174 избирачки места е 48,46 проценти, односно на гласање излегле 801 074 гласачи.
Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски соопшти дека најголема излезност има во Новаци каде на гласање излегле 71,07, а најмала во Центар Жупа 16,90 проценти.
– Гласањето помина мирно без поголеми инциденти на гласачките места, изјави Даштевски.
Продолжено гласање ќе има во едно место во Демир Хисар, Липково, Могила и во Делчево.
Уважени се 134 поплаки од граѓани за избирачко право, на бесплатна телефонска линија на ДИК имало 10 јавувања на граѓани, а како видео повици имало од осум лица со оштетен слух.
На три места во Куманово гласањето е прекинато и тие се затворени. Како што објасни претседателот на ДИК доколку резултатите од овие избирачки места имаат влијание на крајниот резултат ќе има прегласување.