Центарот за управување со кризи вечерва информира дека пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат.
-Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на фабриката Самоков, посочуваат од ЦУК.
Што точно е опожарено засега нема подетални информации.
Претходно Регионалниот центар за управување со кризи Охрид информираше за пожар во магацински простор со хемикалии на фабриката за оружје и муниција во Самоков.