Во планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ на врвот на Водно утринава изби пожар.
Од Центарот за управување со кризи информираа дека екипи на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје веднаш биле испратени на терен.
-Пожарот во планинарскиот дом на Водно е изгаснат, се работи на расчистување на опожарената просторија, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески.
Интервенирано е со две возила и седум пожарникари. Во гаснењето на пожарот помогнале и вработени од „Паркови и зеленило“.