Македонија корупција, мафија и девастиран систем

Ивановски: Тоа е тој монструм кој го создадоа, тој Франкенштајн

-Кога ќе видите каде се оддржувале тие концерти, каде што има пејачи и пејачки кои со години таму доаѓале, таму се  славеле животот и забавата, се’ додека не не’ чукна ова по глава. Еееј, ни се случи ова, нема веќе забава. Забавата заврши, крај на приказната. Јас го слушам Тошковски и навистина му се воодушевувам на човекот со таа енергија како ја води оваа акција во овие тешки времиња, ќе сечеме, ќе направиме се што може. И кажува неколку клучни зборови кои сега почнуват навистина да се зборуваат јавно. Ние имаме проблеми со мафија.

Ивановски: Тоа е тој монструм кој го создадоа, тој Франкенштајн

-Oва  е приказна без крај, иако би сакал што побрзо да излеземе од овој тунел. Тешко е да се зборува во време на ваква национална трагедија, ние ова не сме го искусиле ни во 2001-та, ни во 91-та. Во еден ден 59 деца ни изгореа во еден кафез, без можност да излезат од него, вака новинарот Христо Ивановски во емисијата „За или против“ со новинарот Љупчо Цветановски ја коментира кочанската мега-трагедија коај ја зацрни Македонија.

-59 изгорени и задушени деца и уште стотина повредени. Тоа е страшна трагедија, национална трагедија, национален пораз. Ние сме поразени. Тоа е резулат, го гледаме резултатот на 30 години и повеќе напластени работи, и пред Референдумот во 91-та се случуваа глупости во Македонија при распадот на Југославија, кога системот почна да колабира. Правосудниот систем некако се држеше, другите параметри почнаа да паѓаат, економија, здравство и почна таа масовна корупција. Тоа е клучното. Едно дете, едно голобрадо момче во Кочани низ солзи ни ја кажа вистината на лош англиски. ИМАМЕ КОРУПЦИЈА, плачеше детето затоа што изгубило другарчиња. Тоа голобрадо момче ја дефинираше суштината која сите ние добро ја знаеме, ние сме зацапани, жртви сме на еден етаблиран, корумпиран систем, посочи Ивановски.

-Кај корупцијата велат дека се гледа само врвот на таа пирамида. Она што е долу, тоа е монструозно. И сега гледаме колку е тоа монструозно. Кога ќе видите каде се оддржувале тие концерти, каде што има пејачи и пејачки кои со години таму доаѓале, таму се  славеле животот и забавата, се’ додека не не’ чукна ова по глава. Еееј, ни се случи ова, нема веќе забава. Забавата заврши, крај на приказната. Јас го слушам Тошковски и навистина му се воодушевувам на човекот со таа енергија како ја води оваа акција во овие тешки времиња, ќе сечеме, ќе направиме се што може. И кажува неколку клучни зборови коисега почнуват навистина да се зборуваат јавно. Ние имаме проблеми со мафија. Имаме проблем со мафии. Покрај корупција имамем проблем и со мафија. Два јаки система коии е тешко и еден нормален систем да ги победи. Имаш мафија во угостителство, имаш мафија во здравство, мафија во шумарство, мафија на улица со дрога и така натаму. Тоа се страшни работи, кој може тоа да го победи? Не можат јаки системи, не па овој кој оваа влада го наследува од претходната. Значи, ние наследивме еден тотално корумпиран систем, држава која се вика хибридна. Држава во која се е наместено и предодредено и ние сега треба да живееме во оваа стапица. Имаме закони и механизми кои треба ова да го истражуваат, но кој тоа ќе го истражува, механизам кој е заглавен во тој коруптивен центар.

Имајќи предвид дека како што вели – имаме нелегитимен републички обвинител, Ивановски се сомнева дека тој со својот тим ќе може да ја сработи работата како што треба со непристрасна, длабинска истрага. Проблемот е, цени новинарот, што сите сме во еден систем, заклучно и самиот министер за внатрешни, во систем во кој има многу корумпирани, врзани преку корупцијата во сите сектори.

-Не се така, само механички променети началнците во СВР Штип и ОВР Кочани, тоа оди многу длабоко, потенцира Ивановски, кој посочува дека тоа е таа коруптивна матрица со која си имаме работа, тој монструм што го направија, тој Франкенштајн кој функционира во Македонија.

 

Најнови вести од Македонија

To top