Македонија финансиска помош за семејствата

Итна седница на Советот на општина Гази Баба

Општина Гази Баба ќе додели 1 милион денари финансиска помош на семејствата на настраданите во несреќата во Кочани.

Итна седница на Советот на општина Гази Баба

Денес 18.03.2025 година (вторник) со почеток во 12:00 часот, по барање на градоначалникот, Советот на општина Гази Баба ќе оддржи итна седница.

Седницата е со единствена точка на дневен ред: Одлука за доделување на финансиска помош за семејствата на настраданите во несреќата во Кочани.

-Седницата ќе се оддржи во просториите на општина Гази Баба (барака број 8), соопштија од Општина Гази Баба.

По барање на градоначалникот Бобан Стефковски, денеска Советот на Општина Гази Баба ќе одржи итна седница со единствена точка на дневен ред – Одлука за доделување на финансиска помош за семејствата на настраданите во несреќата во Кочани, со цел донесување на Одлука за доделување на финансиска помош на семејствата на настраданите во несреќата во Кочани во висина од 1.000.000 денари.

Најнови вести од Македонија

To top