Македонија Проверен факт

Историски високи владини инвестиции за општините, 250 милиони евра за 357 понудени проекти

Со ова се реализира уште едно ветување за граѓаните, се наведува во соопштението од Владата.

Историски високи владини инвестиции за општините, 250 милиони евра за 357 понудени проекти

Заврши јавниот повик за прибирање на апликации за проекти за јавниот повик за капитални инвестиции на Владата за општините.

80 општини доставија 357 проекти со кој се решаваат конкретни проблеми на граѓаните.

-Ова е историско високо ниво на владини инвестиции важни за локалната самоуправа. Со овие пари ќе се градат водоводи, канализации, училишта, градинки, спортски комплекси. На овој начин се покажува конкретната грижа и поддршка за општините, велат од Владата.

Високиот интерес покажува дека владината мерка за 250 милиони евра за капитални инвестиции ја има својата оправданост.

-Во рок од 10 дена, целосната проектна документација, од страна на општината, се доставува до ресорното министерство од областа на проектот, каде што ќе се врши евалуација на истиот. Со ова се реализира уште едно ветување за граѓаните, се наведува во соопштението од Владата.

To top