Новинарот Исмаили порача дека треба да се занимаваме со глобалните политики, но треба да ги решиме проблемите внатре во државата.
Ајде малку да ја спуштиме топката и да оставиме одредени личности кои добиле доверба, и понатаму може ќе добиваат без разлика кои и да бидат тие, да се занимаваат со глобалните работи, да се занимаваат со надворешната политика и стратешки цели, но ајде да ги решаваме проблемите внатре. Значи треба да се занимаваме со глобалните политики, ама тоа не треба да дневна реторика, вели тој.
Исмаили порача дека дури 90 проценти од граѓаните кои заминале од Македонија и како туристи не се вратиле повторно овде.
Имаме роднини, јас сум од Струга, од Скопје од Гостивар натаму ние сме познати за печалбарство. Од нашата држава последните 10 години и од Струмица и Гевгелија бегаат. Дури 90 проценти и како туристи што отишле не се вратиле бидејќи стално има вода за пиење таму, има стабилна работа и струјата ја плаќа колку што треба а не повеќе или помалку, додаде новинарот Исмаили.