Македонија Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Инженерството e темел на државата – Божиновска со силна порака на Денот на македонските инженери

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на Инженерската институција на Македонија.

Инженерството e темел на државата – Божиновска со силна порака на Денот на македонските инженери

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на Инженерската институција на Македонија.

Во своето обраќање, министерката испрати силни пораки за улогата на инженерите во развојот на државата, со посебен акцент на младите и жените како клучни носители на идните процеси.

„Енергетската транзиција e процес што бара знаење, систем и одговорност. Без силна стручна основа, нема вистински реформи“, истакна Божиновска.

Таа потенцираше дека државата влегува во нов инвестициски циклус во енергетиката, каде што техничкиот капацитет, стабилноста на системот и интеграцијата на новите технологии ќе бидат клучни.

Посебен акцент во обраќањето беше ставен на младите инженери, до кои министерката упати директна и недвосмислена порака:
„На Македонија ѝ требате – не како симбол за иднината, туку како реална сила на сегашноста. Потребни ни се вашиот ум, вашата љубопитност и вашата храброст да создавате подобри решенија.“

Божиновска се осврна и на значењето на инклузивноста во инженерството, со јасна поддршка за жените во оваа професија:
„Зелената транзиција нема да го достигне својот полн потенцијал ако не е инклузивна. Потребни ни се повеќе жени во енергетиката – нивниот придонес не е симболичен, туку суштински и неопходен.“

Таа нагласи дека институциите имаат обврска да создадат услови за развој, менторство и фер можности за напредок на младите и жените во техничките професии.

Во завршницата, министерката порача дека инженерството останува еден од темелите на државниот развој и повика на засилена соработка меѓу институциите, академската заедница и стручната јавност.

„Инженерството не гради само системи – гради доверба во иднината. Колку повеќе ги поддржуваме нашите инженери, толку посилна ќе биде државата“, нагласи Божиновска.

Настанот обедини претставници од институциите, академската заедница, индустријата и младите инженери, со фокус на иднината на професијата во услови на технолошка трансформација и растечка потреба од стручни кадри.

Најнови вести од Македонија

To top