Имав можност за искрен разговор со новинарката Грета Оџакова. Благодарна сум за вниманието и можноста да ги споделам моите идеи и визии за Кисела Вода – општина со уредени улици, повеќе зеленило и безбедни јавни простори за сите генерации, објави на својата Фејсбук страница кандидатката за градоначалник на општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајковска.
Ваквите средби со новинарите се значајни – тие им помагаат на граѓаните подобро да ме запознаат како кандидат за градоначалник и да ја слушнат мојата посветеност.
Погледнете го интервјуто и дознајте како заедно можеме да ѝ дадеме нова енергија на Кисела Вода, пишува во својата објава Стаменкоска Трајковска.
Во продолжение погледнете го целото интервју на Стаменкоска Трајковска: