Македонија За еден мандат 1 милијарда евра

„Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе одвојува 250 милиони евра годишно за општините за капитални инвестиции“

ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира во вистинските потреби на граѓаните, во патишта, улици, водоводи, канализации, училишта и детски градинки.

„Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе одвојува 250 милиони евра годишно за општините за капитални инвестиции“

Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди 250 милиони евра од буџетот на државата за инвестиции во капитални проекти на општините. Оваа власт на СДС и ДУИ ги опструира, ги кочи и им одмага на локалните самоуправи раководени од страна на градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата.

-После промената на власт нема да се прави никаква дискриминација и ќе се помагаат сите општини врз основа на нивните потреби и капацитети.

ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира во вистинските потреби на граѓаните, во патишта, улици, водоводи, канализации, училишта и детски градинки.

За еден мандат над 1 милијарда евра ќе се инвестираат во подобрување на условите за живеење на секој човек. Додека во време на владата на ДУИ и СДС годишно 250 милиони евра „испаруваат“ заради метастазираната корупција и криминал, во иднина тие пари ќе завршат за сериозни инфраструктурни проекти во секоја општина.

На тој начин секој човек ќе може да почувствува повисок стандард на живот, поблиску до европскиот, а не само декларативните изјави на сегашните владини функционери кои со едната рака мавтаат европски знамиња, а со другата рака ги полнат своите џебови.

Доаѓаат промени, доаѓаат подобри времиња за граѓаните, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

To top