Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.
Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во вторник, кога дневните температури ќе опаднат за неколку степени, соопшти УХМР.
Минималните утрински температури ќе бидат во интервал од 5 до 12, а максималната дневна ќе достигне 27 степени.