Македонија И по венко, стевчо

И Стевчо излажа дека Лукровски го води само „250-260 гласови“

Во обраќањето до гласачите синоќа, кога објави влез во вториот круг, Стевчо  објави дека Сотир Лукровски е прв, но дека РАЗЛИКАТА Е МАЛА И ИЗНЕСУВА „250-260 ГЛАСОВИ“.  Бројката е многу пати поголема, лагата исто…

И Стевчо излажа дека Лукровски го води само „250-260 гласови“

По сатпките на неофицијалниот колаиционер СДСМ и неговиот „лидер“ Венко Филипче и Стевчо Јакимовски вчера „тресеше бројки од ракав“ и ги мамеше сограѓаните. Во обраќањето до гласачите синоќа, кога објави влез во вториот круг, Стевчо  објави дека Сотир Лукровски е прв, но и дека РАЗЛИКАТА Е МАЛА И ИЗНЕСУВА „250-260 ГЛАСОВИ“.

Реалноста го деманрира Јакимовски. Исто како и Филипче. Случајно поклопува и „подударање“, нели.

Вистината е во официјалните бројки на ДИК и вели дека Лукровски води пред Стевчо со 10.284 наспрема 8.761 глас, ШТО Е РАЗЛИКА ОД ОКОЛУ 1.500 гласови, не е 250-260, бројка која не е така занемарлива за водство во првиот круг, капитал за вториот.

Истовремено, Венко Филипче на вчерашната прес-конференција излажа за победа во 3 и за водство во уште ДЕВЕТ општини. Реалноста го демантира претседателот на најлузерската партија на овие избори, која изгуби неколку „бастиони“ и падна на мизерно 4-то место во Скопје. СДСМ победи во минорни 3 општини (Кривогаштани, Крива Паланка и Богданци со вкупно 28.000 гласачи во трите), и само тоа е точно, но води во само уште ПЕТ општини. За да га намали поразот, Филипче на контото на СДСМ лажно си ги додаде/прилепи Валандово, Облешево-Чешиново, Конче и Пробиштип. Во овие општини водеше и води кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, нешто што беше јасно и во текот на прес-конференцијата на „лидерот“, кој освои цели 3 општини во историскиот дебакл на партијата. Бројките не лажат, Филипче е тој кој го прави истото.

Вакво „тресење од ракавот“ на резултати му стана навика на „лидерот“, кој во два наврати се расфрлаше со лажни анкети, без изведувач, нарачател време и примерок, анкети кои испаднаа пуста желба на СДСМ, додека анектите на ИПИС кои Бихаќка ги ругаше и велеше дека се местени испаднаа скоро 100 насто точни.

To top