Македонија македонија

Христовски: Полиграфско тестирање и отворени врати за надзорни тела во АНБ

Коментирајќи го тоа што до неодамна беше партиски човек на ВМРО-ДПМНЕ, тој вели дека формално се откажал од членство во партијата и дека може да направи разлика меѓу својата идеолошка определба и професионалниот ангажман.

Христовски: Полиграфско тестирање и отворени врати за надзорни тела во АНБ

Бојан Христовски, новиот директор на Агенцијата за национална безбедност во вечерашното интервју за емисијата Код, рече дека од првиот ден на неговото доаѓање на чело на Агенцијата ќе се воведе редовно полиграфско тестирање за вработените во Агенцијата. Двајцата претходници на Христовски, според него, не го искористиле ова законско право полиграфски да ги тестираат вработените и тоа ќе биде првата промена што Христовски ја најавува, заедно со отворање на вратата на сите тела за надзор врз работата на АНБ.

Коментирајќи го тоа што до неодамна беше партиски човек на ВМРО-ДПМНЕ, тој вели дека формално се откажал од членство во партијата и дека може да направи разлика меѓу својата идеолошка определба и професионалниот ангажман.

Тој зборуваше дека во 2023 година со одлука на Комисијата за заштита и спречување од дискриминација, бил вратен на работа во МВР.

Во врска со неговиот безбедносен сертификат, тој рече дека има сертификат ,,строго доверливо”, а аплицирал за највисока класификација државна тајна.

-Цела кариера сум поседувал безбедносни сертификати до највисок степен до државна тајна, се до 2019 кога во една политички монтирана безбедносна хајка во која беа вклучени високи функционери во УБК, не ми беше продолжен новиот безбедносен сертификат и следниот период немав поднесено барање за нов сетрификат, бидејќи не бев распореден на такво работно место. По повторно вработување во МВР аплицирав за безбедносен сертификат строго доверливо и го добив. Денеска со доаѓањето во АНБ почнав постапка за добивање највисок степен на класификација, рече Христовски.

Зборувајќи за својата кариера во безбедносниот сектор рече дека работи во УБК од 2006 година поминувајќи ги скалилата на приправник, инспектор, раководител на сектор, посетувал многу обуки од кредибилни западни партнери. Но, како што рече Христовски, кога УБК се трансформирала во АНБ, за него биле правени лажни службени белешки. Запрашан што мисли за аферата со прислушувањето на комуникациите тој рече:

-Лично бев вознемирен, изненаден, разочаран. За тоа народот на изборите кои следеа одлучија за таа афера. Јас тогаш бев началник на сектор неповрзан со одделот кој незаконски следел комуникации. Така, не сум бил во позиција да барам објаснување за следењето на комуникациите од тие над мене, бидејќи структурата е пирамидална, се знае кој на кого му одговара, рече Христовски.

Најнови вести од Македонија

To top