Директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски денеска во просториите на Агенцијата оствари работна средба со директорот на Агенцијата за национална безбедност на Црна Гора, Ивица Јановиќ.
Разговаравме за теми од заеднички интерес, тековните предизвици со кои се соочуваме, како и проектите што ги спроведуваме за модернизација и подобрување на условите за работа. објави директорот Христовски.
Тој додаде дека заеднички ја потврдиле подготвеноста за уште подлабока и посилна соработка, како и за размена на искуства и добри практики во интерес на нашите институции.
Денеска во просториите на Агенцијата за национална безбедност остварив работна средба со директорот на Агенцијата за…
Posted by Бојан Христовски on Wednesday, September 17, 2025