Македонија MЖСПП

Хоџа и Филипиду разговараа за прекуграничната соработка во заштитата на животната средина

Во фокусот на разговорите беа активностите поврзани со управувањето со Националниот парк Преспа (Prespa National Park), управувањето со водните ресурси, хидролошката состојба на Преспанското и Дојранското Езеро, како и тековните прекугранични проекти што се реализираат.

Хоџа и Филипиду разговараа за прекуграничната соработка во заштитата на животната средина

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес оствари работна средба со амбасадорката на Република Грција во Република Македонија, Софија Филипиду, на која беа разгледани приоритетите на билатералната соработка во областа на животната средина.

Во фокусот на разговорите беа активностите поврзани со управувањето со Националниот парк Преспа (Prespa National Park), управувањето со водните ресурси, хидролошката состојба на Преспанското и Дојранското Езеро, како и тековните прекугранични проекти што се реализираат.

Двете страни ја потврдија заедничката заложба за натамошно унапредување на соработката меѓу Република Македонија и Република Грција, со посебен акцент на заштитата на животната средина и одржливиот развој на прекуграничните региони.

Најнови вести од Македонија

To top