Македонија Министерство за животна средина и просторно планирање

Хоџа: Ја јакнеме државната контрола врз загадувачите, следи акредитирање на нашата лабораторија и за нови методи

– Во рамки на посетата беше презентиран новиот ICP-MS инструмент, кој овозможува анализа на тешки метали во почва, вода и воздух и со кој значително ќе се унапредат аналитичките капацитети на Државната лабораторија за животна средина. Следен чекор е кадровското доекипирање, а за таа цел Министерството ќе иницира постапка на владино ниво,  стои во соопштението. 

Хоџа: Ја јакнеме државната контрола врз загадувачите, следи акредитирање на нашата лабораторија и за нови методи

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа денеска ја посети централната лабораторија при Министерството и најави системско и координирано решавање на сите институционални предизвици.

Хоџа, како што информира Министерството за животна средина и просторно планирање, нагласи дека модерна и функционална Централна лабораторија претставува темел на ефикасната заштита на животната средина и гаранција за точни и навремени податоци во интерес на јавното здравје.

– Целта е да се обезбедат стабилни услови за работа и долгорочно унапредување на капацитетите, се вели во соопштението.

Во рамки на посетата беше нагласено дека лабораторијата успешно ја обнови акредитацијата за наредните четири години за вкупно 20 методи, од кои една за мерење на амбиентална бучава и 19 за индустриски отпадни води и за површински води. Она што следува, како што се наведува, е забрзување на процесот на акредитација на методите за мерење на загадувањето на воздухот од стационарни извори.

– Во рамки на посетата беше презентиран новиот ICP-MS инструмент, кој овозможува анализа на тешки метали во почва, вода и воздух и со кој значително ќе се унапредат аналитичките капацитети на Државната лабораторија за животна средина. Следен чекор е кадровското доекипирање, а за таа цел Министерството ќе иницира постапка на владино ниво,  стои во соопштението.

Најнови вести од Македонија

To top