Македонија Кочани

Херојски потег на министерката Јаневска: Со итна реакција спаси професор кој колабираше

Меѓу починатите и повредените има многу ученици во двете средни училишта, а на состанокот исто така владеело траорна атмосфера.

Херојски потег на министерката Јаневска: Со итна реакција спаси професор кој колабираше

Проф. д-р Весна Јаневска, актуелната Министерка за образование доцна синоќа беше во посета на Кочани.

Во едно од училиштата одржа итен состанок со вработенит во училиштата во Кочани, а тема на состанокот беше трагедијата што се случи во ноќниот клуб.

Меѓу починатите и повредените има многу ученици во двете средни училишта, а на состанокот исто така владеело траорна атмосфера, пишува Метропола.

Во еден момент на еден од присутните му се слошило и колабирал, а министерката прва втрчала и му укажала помош да му го извлече јазикот за да не се задуши.

Како што е познато Јаневска по професија е доктор и работи на Институт за патологија при Медицинскиот факултет во Скопје како специјалист патолог и редовен професор.

Херојски потег на Министерката Весна Јаневска во Кочани: Со итна реакција спаси професор кој колабираше – му го извлекла јазикот да не се задуши

 

Најнови вести од Македонија

To top