Македонија АМСМ

Гужва на граница- еве колу се чека за влез на Табановце и за излез на Богородица

Гужва на граница- еве колу се чека за влез на Табановце и за излез на Богородица

По околу половина час се чека за влез во државава на граничниот премин Табановце и за излез од државава на ГП Богородица, информира утрово Автомотосојузот на Македонија.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

-Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, соопшти АМСМ.

Најнови вести од Македонија

To top