Македонија

Грчките земјоделци повторно го блокираа граничниот премин Евзони кон Македонија

Грчките земјоделци по одржаниот масовен протест синоќа во Атина, најавија дека дополнително ќе одлучат кои ќе бидат нивните следни чекори, а не е исклучена можноста да продолжат со досегашните активности што вклучуваат затворања на автопати и гранични премини.

Грчките земјоделци повторно го блокираа граничниот премин Евзони кон Македонија

Грчките земјоделци од северниот дел на земјата и вечерва периодично го затворија граничниот премин Евзони (Богородица) кон Северна Македонија за сообраќај на сите возила, јави дописничката на МИА од Атина.

Блокадата започнала во 19 часот по локално, односно 18 часот по македонско време, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, земјоделците исто како и вчера затворале околу 20 минути, а потоа дозволувале да поминуваат возила за да не се создадат редици и доцнења.

Според истите информации, блокадата траела околу час и половина.

To top