Попладнево во 16:20 часот избувна голем шумски пожар на планината Беласица, над селото Смоларе, кој според првичните информации зафатил поголема површина најразновидна шума.
Избувнувањето на пожарот за МИА го потврди командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, според кого пожарот засега е ставен под контрола.
-На терен заедно со припадници на „Национални шуми“ се две противпожарни возила и шест пожарникари, кои го држат под контрола пожарот. На одредени места има горење. Утре на терен ќе излезат вработени од „Национални шуми“ и доколку има потреба на местото на пожарот ќе оди и наша екипа, изјави Гудев.
Според информации од жители на селото Смоларе, пожарот избувнал на три места и бргу се проширил