Општина Чучер Сандево има голем потенцијал за економски развој. Во интервјуто за Курир, кандидатот за градоначалник на Општината од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Бајовски смета дека со правилен плански пристап, општината може многу да придобие.
Бајовски, најавува соработка со бизнис заедницата и инвестиции, доколку ја добие поддршката од граѓаните.
-Во разговори со одреден број на бизнисмени, Чучер Сандево треба да формира бизнис совет, односно да ги собереме сите бизнисмени кои имаат фирми на територија на Чучер Сандево, но и малите микростопанства кои се да бидат вклучени во тој дел. Движечка сила во економскиот дел на Чучер Сандево треба да биде Стенковец кој според мене треба да се ограничи во кој дел што треба и како да се гради, за плански да биде направено и да им олесниме на инвеститорите полесно да дојдат во градежни дозволи во Општина Чучер Сандево. Во делот на економскиот развој, потенцијалот на Чучер Сандево е голем, со самиот факт што во иднина ќе се гради автопатот Скопје-Блаце, територијална позицијата на Општина Чучер Сандево овозможува поврзување на целиот регион. Интересот кај бизнис заедницата за инвестирање во Чучер Сандево е голем, вели Бајовски.
Во однос на изборната кампања, вели дека се кандидира за да и модернизира и изгради општината.
-Да ја урбанизираме, да знаеме каде треба да градиме, каде не треба. Во кој дел ќе ни бидат заштитните зони, кои ни се археолошки наоѓалишта. Ќе водиме кампања за да создадеме модерна, убава, достојна општина за живот за сите граѓани на Чучер Сандево, вели Бајовски во интервјуто за Курир.