Раде Трајковски- Штекли е надвор од животна опасност, без сериозни повреди. Според првичните информации тој поминал со помали телесни повреди, по експлозијата на бомба фрлена во неговата семејна куќа.
Испитувања се прават во моментов, но Трајковски е вон животна опасност.
Како што соопшти МВР, утрово во 9:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дворно место во населба Керамидница во Скопје била фрлена експлозивна направа.
Лицата кои го извршиле нападот сѐ уште не се идентификувани и приведени. Според во инцидентот нема други повредени.
Ова е трет обид за ликвидација на скопјанецот со прекар Штекли. Тој минатата година беше мета на напад во трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ во Скопје, но и тогаш успеа да се спаси.