Македонија

Ѓоргоска Илиевска: Буџетот за 2024 година е поразителен за културата во Македонија и допрва ќе следат проблемите од него

Ѓоргоска Илиевска: Буџетот за 2024 година е поразителен за културата во Македонија и допрва ќе следат проблемите од него

„Од самиот Буџет произлегуваат сите други проблеми кои се појавуваат во културата. Сведоци сме дека кога се донесе Буџетот за оваа 2024 година и покрај настојувањата на пратениците од опозицијата и бројните амандмани кои беа дадени во однос на културата не беа прифатени. Сведоци сме дека имаме поразителен Буџет кога станува збор за култура. Зошто го велам ова? Затоа што правевме некој анализи знаејќи дека овој Буџет потоа ќе придонесе за низа проблеми кои ќе се провлекуваат во текот на годината на што и сме сведоци“, истакна Мими Ѓоргоска Илиевска претседател на Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „За или Против“ на телевизија Алфа.

Таа продолжи и додаде дека Буџетот за 2024-та година ќе донесе низа проблеми кои ќе се јавуваат во текот на годината.

„Уделот на Министерството за култура во вкупниот Буџет на Република Македонија во 2010-та година бил 2.24%, потоа во 2011-та бил 2.14%. До 2017-та година уделот никогаш е бил понизок од 2 проценти. Од 2017 година па наваму уделот на Министерството за култура во вкупниот Буџет на Република Македонија континуирано се намалува, паѓа под 2 проценти така што оваа година 2024-та година процентот е 1.34 што е навистина поразително мал процент“, кажа Ѓоргоска Илиевска.

Таа потенцираше дека уделот на Буџетот за култура е минимален.

„Уделот од тие 1,34%, не повеќе од 40% не се ни 40%, се предвидени за реализација на програмски активности и проекти, а останатиот дел е предвиден за плати за вработените“, кажа Ѓоргоска Илиевска.

Таа рече дека не може да се креира Буџет, бидејќи се нема национална стратегија за култура.

„За жал немаме национална стратегија за култура. Не можете да креирате Буџет а да немате национална стратегија за култура затоа што со таа национална стратегија за култура вие ја согледувате најпрвин актуелната, моменталната состојба во култура, потоа предвидувате одредени мерки со кои ќе се подобрат состојбите и акциски план како и што ќе се работи во однос на креирањето културни политики, стратешки цели, реализација на проекти, програмски проекти за националните институции, капитални проекти, инвестиции итн“, изјави Ѓоргоска Илиевска.

Таа истакна дека покрај национална стратегија за култура потребно е да има и национална стратегија за заштита на културното наследство.

„Сведоци сме дека од 2018-та година до денес, се работи на некоја национална стратегија за заштита на културното наследство, но континуирано се менуваат членови на работни групи, се прави една верзија, друга верзија, трета верзија, но немаме документ за национална стратегија за заштита на културно наследство“, заклучи Ѓоргоска Илиевска.

Најнови вести од Македонија

To top