Ѓорчев додаде дека Македонија во моментот е земја на политички затвореници. Сите кои што се неистомисленици со оваа власт завршуваат во притвор.
„Значи имате десетици, и десетици деца кои што со години веќе растат без татковци поради садизмот, свирепоста на Владата на СДС и ДУИ“, рече тој.
Ѓорчев укажа дека Македонија не е слободна земја со оваа власт. Граѓаните немаат право да го искажат своето мислење.
„СДС треба да биде поразен, СДС треба да биде во опозиција затоа што ова не е СДС на Киро Глигоров, Илинка Митрева, и еден куп нивни првенци од минатото. Ова е СДС кое што не е на македонски позиции, и не е на асномски позиции. Мислам дека СДС треба да се реформира и мислам дека треба да дојде едно здраво раководство“, заклучи Ѓорчев.
Тој посочи дека е важно ВМРО-ДПМНЕ да има стабилно мнозинство односно 61 пратеник.
„Важно е да имаме стабилно мнозинство, важно е да имаме 61 пратеник. Потребна е влада која што нема да биде уценувана, влада која што ќе има полн легитимитет. Но, и влада која што истовремено ќе работи на консолидирање на македонските позиции затоа што сите македонски црвени линии во изминативе седум години беа избришани од оваа Влада и оваа гарнитура. И исто така владата на ВМРО-ДПМНЕ треба да работи на економското заздравување на државата“, заклучи тој.
„Два главни главни приоритети ќе се на техничките министри и заменици министри на ВМРО-ДПМНЕ, едниот е санирање на штетите од овој зулум кој што се случува по институциите, и второ подготовка на парламентарните избори и рефлектирање на волјата на граѓаните. Значи мораме да ја сочуваме онаа демократска волја која што очигледно е дека опозициона, антивладина, извесна е победата на ВМРО-ДПМНЕ“, појасни Ѓорчев.