Македонија дивоградба

Ѓорчев: Она што се случува денес со новоизградениот споменик на ОНА е недозволиво, многу такви споменици во Македонија се направени без дозвола со избегнување да се каже вистината

Тој додаде за тоа дека тоа што Македонците велат дека тоа е спротивно на закон одма е толкувано за Албанофобија.

Ѓорчев: Она што се случува денес со новоизградениот споменик на ОНА е недозволиво, многу такви споменици во Македонија се направени без дозвола со избегнување да се каже вистината

Во вечерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија гостуваше Марјан Ѓорчев. Тој во однос на ново изградениот споменик на ОНА истакна дека недозволиви се такви манифестации бидејќи се кршат закони и тоа е направено без дозвола со избегнување на вистината.

„Недозволиви се вакви манифестации од аспект на тоа што во Република Македонија се кршат закони ред по ред, години на ред, не треба да заборавиме дека многу споменици во Република Македонија во делот на прослава на хероите на ОНА се направени без дозвола, инкогнито со избегнување да се каже вистината од страна на македонското политичко раководство, ова што се случува денес продолжува и со овој споменик“, кажа Ѓорчев.

Тој додаде за тоа дека тоа што Македонците велат дека тоа е спротивно на закон одма е толкувано за Албанофобија.

„Ова што се случува веќе на некој начин покажува индиции дека ако Македонците нешто кажат тогаш тоа се толкува како Албанофобија. Тие постапки се нелегитимни, не се поддржани со закон, нема начин како тоа да се оправда бидејќи треба посебна процедура за изградба на секој споменик“, вели Ѓорчев.

To top