Македонија

Гаши ќе учествува на третиот парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа во Рига

Гаши ќе учествува на третиот парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа во Рига

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши утре и задутре е учествува на Третиот парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа, што ќе се одржи во Рига, Летонија.

Гаши воедно е и претседател на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа на Собранието, а во состав на Делегацијата е и генералната секретарка на Парламентот, Марина Димовска, соопшти собраниската прес-служба.

Самитот е во коорганизација на Руслан Стефанчук, претседател на Врховната Рада на Украина и Даига Миерина, спикерка на Парламентот на Летонија. На Самитот ќе учествуваат над 20 претседатели на парламенти, 10 потпретседатели на парламенти и претседатели на парламентарни собранија. Пленарната сесија ќе се фокусира на начините за помош, поддршка и обнова на Украина. Се очекува претседателот Гаши да оствари билатерални средби на маргините на Самитот.

Инаугуративниот самит на Кримската платформа се одржа во Киев на 23 август 2021 година на ниво на шефови на држави и влади. Првиот Самит на Парламентарната димензија на Кримската платформа се одржа во 2022 година во Загреб, а Вториот во 2023 година во Прага.

Најнови вести од Македонија

To top