Според очекуваното, функционери на ДУи веќе се „нацртаа“ пред Уставен во потрага по евтини политикантски поени. Меѓу присутните се Бујар Османи, генералниот секретар на ДУИ, Фатон Амети и Арбер Адеми. Артан Груби не е меѓу присутните на „стражата“ на Ахмети. Според најавите додека судиите одлучуваат, пред зградата на Уставен се слуша музика, а предвидени се обраќања и говори на функционери на ДУИ. Не се исклучува можноста да се обрати и лидерот на интегративците, Али Ахмети.
Зошто Артан Груби не е пред Уставен? прашуваат граѓаните, желни да го видат првиот вицепремиер на Димитар Ковачевски. Можеби, се тешат, не е негова смена за „стража“. Можеби игра фудбал на мали голчиња. Или, пак, баскет во некоја канцеларија, некаде…
Уште пред почетокот на седницата на Уставниот суд закажана за 9:30 часот на која ќе се расправа за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците, очекувано, функционери на ДУИ веќе беа присутни во шаторите поставени пред зградата на судот.