Македонија густ чад

ФОТО: Горат автомобилски гуми во Желино, гаснењето отежнато

Ангелов посочи дека целосно гаснење се очекува за максимум два часа.

ФОТО: Горат автомобилски гуми во Желино, гаснењето отежнато

Центарот за управување со кризи информира дека тетовската противпожарна служба интервенира на запалени гуми спроти фабрика Киел во селото Желино кај подвозникот кон селото Сиричино.

-Гаснењето е отежнато поради големата количина на автомобилски гуми, нема опасност пожарот да зафати соседни објекти,  вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

ЦУК

Ангелов посочи дека целосно гаснење се очекува за максимум два часа.

Од СВР Тетово информираат дека денеска околу 12:20 часот кај нив е пријавено дека на отворен простор во близина на фабрика во тетовско Желино, била запалена и горела поголема количина стари гуми.

-Веднаш по пријавувањето, на лице место се испратени полициски службеници од Полициското одделение Групчин, како и екипи од тетовската Територијална противпожарна единица, кои интензивно се ангажираат на локализирање на настанатиот пожар. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот – кој и зошто ги запалил гумите, а што претставува кривично дело” загадување на животна средина и природата”, согласно член 218 од Кривичниот законик, изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

To top