Македонија

ФОТО: Голем пожар во близина на скопската патарина кон Куманово

ФОТО: Голем пожар во близина на скопската патарина кон Куманово

Гуми и смет горат во близина на индустриската зона Бунарџик.

Пожарот е во близина на наплатната рампа од Скопје кон Куманово и железничката пруга.

Според информациите од Центарот за управување со кризи пожарот се шири на ридот меѓу Горно Коњаре и Миладиновци. Засега немаат информации за штети за тоа дали постои опасност за бидат зафатени околните објекти.

Екипи на скопската противпожарна бригада повеќе од еден час се на терен и работат на локализирање на пожарот.

 

To top