Заменик-претседателот на Владата на Македонија задолжен за политики на добр управување, Арбен Фетаи, денес во Сараево се сретна со претседателот на Партијата за демократска акција (СДА), Бакир Изетбеговиќ, со кого разговараше за политичките случувања во Босна и Херцеговина и Македонија, како и за предизвиците и регионалните перспективи.
За време на средбата, Изетбеговиќ го информираше Фетаи за заканите кон уставниот поредок на Босна и Херцеговина од страна на Милорад Додик и властите на Република Српска, како и за ризиците што овие постапки ги носат за стабилноста на регионот.
Посебен фокус беше ставен на процесот на европска интеграција на земјите од Западен Балкан.
„Заедно со Изетбеговиќ ја истакнавме важноста на продолжување на европските реформи и зајакнување на соработката меѓу Македонија и Босна и Херцеговина на патот кон членство во ЕУ“, напиша Фетаи на својот Фејсбук профил, додавајќи дека стабилноста и регионалната соработка остануваат клучни фактори за напредокот и економскиот развој на Западен Балкан.