Македонија МЕРМС

Енергетската иднина поддржана од ЕИБ – Средба на министерката Сања Божиновска со Бјорн Габриел

Продолжување на соработката меѓу Министерството за енергетика и Европската инвестициска банка.

Енергетската иднина поддржана од ЕИБ – Средба на министерката Сања Божиновска со Бјорн Габриел

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари средба со Бјорн Габриел, претставник на Европската инвестициска банка (ЕИБ). Оваа средба претставува продолжување на соработката меѓу Министерството за енергетика и Европската инвестициска банка.

На денешната средба, министерката Божиновска и Габриел дискутираа за тековните и идни проекти во енергетскиот сектор, со посебен акцент на интерконекторот за гас кој ќе поминува низ Македонија. Министерката ја истакна важноста на овој проект за енергетската безбедност на земјата и изрази благодарност за поддршката од ЕИБ.

Како долгорочен партнер на регионот, банката на ЕУ постојано обезбедува финансиска и техничка поддршка за изградба на клучна инфраструктура и подобрување на оперативните капацитети.

Дополнително, беше разговарано за инвестициите во обновливи извори на енергија, кои ќе придонесат за енергетската сигурност, истовремено намалувајќи ги емисиите на јаглерод диоксид.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Министерката Божиновска ја нагласи посветеноста на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во спроведувањето на реформите и проектите кои ќе обезбедат одржлива и сигурна енергетска иднина за Република Македонија.

Најнови вести од Македонија

To top