Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) оствари средба со претставници од Дирекцијата за справување со катастрофи – АФАД од Турција и од Националната агенција на доброволци на Бугарија.
Ангелов ја потенцираше значајноста на програмската цел за зајакнување на волонтерските и институционалните активности за унапредувањето на меѓународната соработка и помагање меѓу трите држави при кризни ситуации.
ДЗС: Средба на Ангелов со претставници од АФАД од Турција и од Националната агенција на доброволци на Бугарија
Денеска,…
Posted by Дирекција за заштита и спасување – Drejtoria për mbrojtje dhe shpëtim on Thursday, February 19, 2026
Средбата во Дирекцијата е остварена согласно учеството на ДЗС како партнер во програмските активности во рамки на проектот „Силни волонтери, силна држава“ на европската програма “Еразмус +”.
Инаку, конкретниот проект се фокусира врз мерење и на социјалниот импакт на волонтерите, промовирање на дигитална платформа за споделување ресурси, истакнување на постоечките предизвици и проблеми со коишто се соочуваат волонтерите, а и изнаоѓање заеднички решенија за подобрување, унапредување на соработката и социјалната солидарност.
Во рамки на престојот во Македонија претставници од АФАД од Турција и од Националната агенција на доброволци на Бугарија остваруваат плански активности и средби и со други институционални и волонтерски организации.