Македонија По инцидентот во Кичево со немање дозвола

Џејла Рамовиќ веќе в петок во Скопје, овојпат со сите нишани и дозволи

Таа нагласува дека имала целосна документација за настапот и дека прекинот се случил поради пропусти на организаторот, а не поради неуредност од нејзина страна. Рамовиќ потврди дека веќе во петок ќе настапи во Скопје и дека инцидентот нема да ја одвои од македонската публика.

Џејла Рамовиќ веќе в петок во Скопје, овојпат со сите нишани и дозволи

По инцидентот во Кичево, кога полицијата ја прекина нејзината вечер и ја приведе заедно со членовите на бендот, пејачката Џејла Рамовиќ се огласи со своја верзија на настаните. Таа нагласува дека имала целосна документација за настапот и дека прекинот се случил поради пропусти на организаторот, а не поради неуредност од нејзина страна. Рамовиќ потврди дека веќе во петок ќе настапи во Скопје и дека инцидентот нема да ја одвои од македонската публика.

„Сакам да нагласам дека од моја страна и од страна на мојот бенд, сите потребни документи и дозволи за настапот во Кичево беа правилно подготвени и доставени до организаторот, со целосната постапка што редовно ја следиме кога доаѓаме во Македонија“, вели Рамовиќ.

Таа објаснува дека организаторот ја уверил дека сите дополнителни дозволи се обезбедени и дека сè е во согласност со договорот.

„И покрај ова, настапот беше прекинат неколку минути пред крајот, наводно поради недостаток на работни дозволи, иако нашата документација беше целосно во ред. Жал ми е за непријатностите што ги доживеаја сите што дојдоа на мојот настап. Ситуацијата се појави од причини на кои не можев да влијаам на никаков начин, ниту пак е вина на мојот тим и мене“, додава таа.

Рамовиќ им порача на своите обожаватели дека овој инцидент нема да ја промени нејзината поврзаност со македонската сцена.

„Македонија е земја што многу ја сакам и секогаш сакам да се враќам. Исто ќе биде и сега, бидејќи веќе се дружиме во петок во Скопје“, истакна пејачката.

To top