Македонија

Две сложени интервенции извршени на Клиниката за дигестивна хирургија во Скопје

-Петта кадаварчина трансплантација на црн дроб е ова со најуспешен тек, подвлече Костовски.

Две сложени интервенции извршени на Клиниката за дигестивна хирургија во Скопје

Две сложени интервенции биле извршени на Клиниката за дигестивна хирургија во Скопје, информираа надлежните на денешната прес-конференција.

Директорот на Клиниката за дигестивна хирургија, Огнен Костовски рече дека на 12 и 13 март биле извршани кадаварчини трансплантации на црн дроб, два бубрега. Нешто подоцна, фондовски поддржана, извршена била прва баријатрична процедура на пациент. Два дена траела вкупната хоспитализација.

-Петта кадаварчина трансплантација на црн дроб е ова со најуспешен тек, подвлече Костовски.

Тој рече дека трендот продолжува и во иднина ќе се прават сите подготовки за почнување на трансплантационен процес од жив дарител.

Најнови вести од Македонија

To top