Македонија изречени четири казни доживотен затвор

Две години од свирепото убиство на Вања Ѓорчевска

На 3-ти декември пронајдено беше телото на Вања.

Две години од свирепото убиство на Вања Ѓорчевска

На 27.11.2023-та година Македонија ја разбуди веста дека е исчезнато 14-годишно девојче. Вања Ѓорчевска од Скопје. Нејзината фотографија со брзина на светлината се ширеше по социјалните мрежи.

Полицијата на нозе, граѓаните вознемирени. Сите тој ден посилно ги гушкаа децата, се плашеа од неколкуте можни сценарија, за на крај да се потврди дека е најлошото. Вања е убиена.

Рано наутро, во срцето на градот, во Дебар Маало, Вања го напушта својот дом и се упатува кон своето училиште. Таму не стигнува. Порака од наставничката упатена до мајката на ученичката го пали црвениот аларм. Вања е пријавена за исчезната. Членови на семејството, полицијата, соседи, другарчиња и загрижени граѓани тргнаа во потрага по Вања. Никој од нив во тој момент не знае дека Вања е веќе свирепо убиена, само два часа откако монструми ја грабнаа пред да ја напушти зградата во која живее.

На 3-ти декември пронајдено беше телото на Вања.

Судски процес

Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев на 25 јуни годинава беа осудени на единствена казна доживотен затвор за грабнување и убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. За кривичното дело грабнување, сите беа осудени на 10 години затворска казна, а за стореното убиство на сите им е изречен доживотен затвор. Единствената изречена казна за сите обвинети е доживотен затвор.

Пресудата беше изречена во Основниот кривичен суд Скопје по судски процес кој траеше 10 месеци.

Во обвинението стои дека обвинетите заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски беше ослободен од обвинението. Судот пресуди дека обвинителството не докажало, надвор од разумно сомневање, дека тој со умисла им помогнал на обвинетите за грабнување на неговата ќерка.

To top