Македонија Реформска агенда

Дурмиши – Рокас: Спроведување на реформите во економијата се приоритет на патот кон членството во ЕУ

Соработката со Европската унија и спроведувањето на економските реформи се едни од најважните приоритети на Министерството за економија и труд, истакна министерот Дурмиши

Дурмиши – Рокас: Спроведување на реформите во економијата се приоритет на патот кон членството во ЕУ

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска оствари состанок со новиот амбасадор на Европската унија во државава Михалис Рокас. Министерот Дурмиши му посака добредојде на евроамбасадорот Рокас и успешен мандат.

„Соработката со Европската унија и спроведувањето на економските реформи се едни од најважните приоритети на Министерството за економија и труд“, истакна министерот Дурмиши на состанокот и додаде дека како министер ќе биде целосно ангажиран во спроведување на надлежностите во делот на Реформаската агенда.

Основната цел на Реформската агенда е засилено спроведување на реформите преку забрзување на усогласувањето на нашиот јавен сектор со вредностите, законите, правилата, стандардите, политиките и практиките на јавниот сектор на Унијата, обезбедување негово транспарентно управување, развој на конкурентна и зелена економија и поддршка на процесот на пристапување.

Двајцата соговорници разговараа дека овие средби се од суштинско значење за зајакнување на нашата соработка и потикнување на реформи кои ни помагаат да ги исполниме стандардите и очекувањата на ЕУ.

Министерот на средбата потенцираше дека дека ЕУ е наш значаен партнер и се заблагодари за континуираната поддршка на ЕУ кон земјата и изрази надеж дека таа ќе продолжи и во иднина, во насока на остварување на нашата цел – целосна интеграција во ЕУ.

Најнови вести од Македонија

To top