Македонија

„ДУИ НЕ БИЛЕ НАИВНИ ЗА 27 АПРИЛ И ИМАА КОРИСТ: Изјавата на клучниот сведок не се најде во судскиот процес“

„ДУИ НЕ БИЛЕ НАИВНИ ЗА 27 АПРИЛ И ИМАА КОРИСТ: Изјавата на клучниот сведок не се најде во судскиот процес“

ДУИ никогаш не се извини за ништо што направи, не лежат луѓе од ДУИ, а имале единствен интерес да се случи настанот затоа што преговарајќи од Нова година до април тие имале интерес да го дискредитираат ВМРО-ДПМНЕ за да ја направат коалицијата со СДСМ, изјави новинарката и претседателка на МАН, Ивона Талевска во „Само вистина“ на Канал 5.

Талевска истакна дека сето тоа се случи за да го направат СДСМ должник на ДУИ, а тој долг гледаме како се испорачува изминатите 7 години со многу корупција.

– ДУИ не биле наивни во целиот процес околу 27 април и постојано биле во комуникација за случувањата и поттикнување на истите. Располагам со изјава на клучниот сведок дадена пред обвинител, заверена од записничар пред адвокат која никогаш не беше предмет за настаните од 27 април, рече Талевска.

Талевска додаде дека во изјавата клучниот сведок наведува дека постојано во комуникација биле Груби со функционер од ДБК при МВР и дека во постојано комуникација бил Џафери со друг функционер од ВМРО-ДПМНЕ.

– Во тој исказ кој не се најде како дел од списите за случајот 27 април има многу детали. Тој документ не се најде во судскиот процес затоа што на главниот сведок му беше понудена помала казна со живот надвор од границите од Македонија, изјави Талевска.

Најнови вести од Македонија

To top