Македонија дср

ДСР: СДСМ и ДУИ ги понижуваат Ромите

Сведоци сме дека во очи на новогодишните празници свесни за поразот, актуелната влада предводена од ДУИ и СДСМ, сака ’’легално” да купува гласови за претстојните избори, се вели во партиското соопштение на Демократски сили на Ромите.

ДСР: СДСМ и ДУИ ги понижуваат Ромите

Сведоци сме дека во очи на новогодишните празници свесни за поразот, актуелната влада предводена од ДУИ и СДСМ, сака ’’легално” да купува гласови за претстојните избори, се вели во партиското соопштение на Демократски сили на Ромите.

Не запираат огласите во скоро сите институции на еден месец пред формирањето на техничката влада, каде како главен критериум е етничката припадност.  Покрај сите огласи изминатиот период, најново каде што каде што уште еднаш по незнам кој пат се понижени и злоупотребени Ромите и работните места во институциите кои припаѓаат на ромите, истакнуваат од ДСР.

Поточно лавина реакции кај Ромите и целата јавност предизвика објавувањето на огласот на претпријатието Македонски шуми, каде што објавен е оглас за 12тина работници припадници на албанска етничка заедница во Берово, каде што за пописот во 2021 година само 1 лице се изјаснило како припадник на оваа заедница, потенцираат од ДСП.

Од страна на директорот на Македонски шуми беше кажано дека се работи за балансерот, па оттука ние од Демократски сили на Ромите – ДСР јавно го прашуваме:

⦁ Дали овој балансер важи само за некои етнички заедници или поточно за придобивање на гласови за изборите во корист на партиите на власт?!
⦁ Зошто балансерот не важи за Ромите, каде според пописот 2021година ( за ДСР не валиден, бидејќи бројот на Роми е далеку поголем ) има 400 Роми во Берово?! Велат од ДСР.

ДСР вели дека со ваквите постапки се потврдува понижувањето и потценувањето на Ромите во Мкедонија од страна на ДУИ и СДСМ и поради тоа Ромите на следните избори точно знаат за кој и како треба да гласаат, изминативе 6 години, додека се на власт ДУИ и СДСМ, Ромите во Македонија го живеат најлошиот период од самото осамостојување на Македонија, одземени се сите права и позиции. Во самиот извештај на Европската Комисија се нотирани голем број на забелешки за Ромите. Оневозможувањето на комплетирањето на ДИК е показател дека власта се спрема за сериозен поткуп. Алчноста за власт си го прави своето. ДСР им порачува дека Ромите се единствени како никогаш до сега, бидејќи маката, сиромаштијата, покачувањето на струјата и прехрамбените производи, иселувањео на најблиските, криминалот што се случува пред очите на јавноста ги обедини Ромите.

Ромите како и мнозинство граѓани во Македонија немаат пари да ги прослават празниците со своите најблиски. На следните избори народот ќе си го каже своето и ќе ја каже казната на оваа влада! Порачуваат од ДСР.

Поврзани теми

To top